Зошто дислексијата фрустрира и обесхрабрува?
Фрустрациите кај децата со дислексија воглавно доаѓаат од таму што тие не можат да ги исполнат очекувањата од околината. Родителите и наставниците гледаат бистро дете со ентузијазам, кое и покрај напорите, не може добро да чита и да пишува. Со текот на времето може да се слушне: Но, тој е толку бистро дете – барем малку повеќе да се потруди. Иронично, но никој не знае всушност колку тие деца се трудат. Кај учениците со дислексија, болката што не можат да го постигнат очекуваното е огромна, особено кај оние ученици што се стремат кон перфекционизам, а не можат да го достигнат. Тие се развиваат во личности што мислат дека правењето грешки е вистински ужас.
Но, како по правило децата со дислексија прават многу ненамерни и глупави грешки. Реакциите на околината, односно потсмевањето, ги фрустрираат и предизвикуваат чувство на пониска вредност.
Од друга страна пак карактеристично е што многу од учениците со дислексија имаат проблеми во социјалните врски со своите врсници. Токму ваквите проблеми произлегуваат од следното следното:
- Тие може да бидат физички и социјално помалку созреани во споредба со нивните врсници, што од своја страна доведува до лоша слика за себе и неприфаќање од врсниците.
- Нивната социјална незрелост може да ги направи несмасни во секојдневните социјални релации и ситуации.
- Многу деца со дислексија имаат тешкотии со читањето на социјалните знаци од околината, односно можат да бидат несвесни за потребната лична дистанца која е потребна за комуникација со другите.
- Децата со дислексија честопати имаат проблем со говорниот јазик, во смисла што не секогаш можат да го вметнат вистинскиот збор на вистинско место. Со други зборови, понекогаш им е тешко да ги изразат своите мисли со зборови. Исто така, многу често може да им се случува да не можат брзо да одговорат на поставено прашање. Ова станува особено фрустрирачки во периодот на адолесценцијата, кога говорот има централно место во комуникацијата меѓу тинејџерите.
Сите наведени фактори создаваат поволна средина овие ученици да не се прифатени од околината која ги опкружува, а тоа ќе создаде дополнителни емоционални состојби кај детето. Најчестите емоционални состојби со кои се соочуваат учениците со дислексија можеме да ги погледнете во следната лекција.