Работни стратегии за ученици со дислексија 1/2
Клучни зборови
Наведете клучни зборови. Ова е многу значајно за децата со дислексија кои често имаат тешкотии во идентификувањето на клучни зборови. Тие може да обрнат внимание на ирелевантните аспекти на пасусот бидејќи имаат тешкотии во идентификувањето на главните и клучни идеи од текстот.
Мнемонички техники
Употребувајте мнемонички техники со цел да ја подигнете меморијата. Ова може да биде забавен но и ефективен начин на учење. Најубаво е мнемоничките техники да се персонализираа, така што охрабрете го детето да развие своја мнемоничка техника.
Групна динамика
Осигурајте се дека групните динамики се правилни и конструктивни за дислексичниот ученик. Ова е важно бидејќи групната работа може да биде многу наградувачка само ако дислексичното дете е во конструктивна група. Осигурајте се дека групата нема премногу деца кои постојано зборуваат – во групата исто така се потребни слушачи.
Пристап кон испрашување
Употребувајте различни пристапи за испрашување со цел да ги промовирате вештините за размислување. Активностите за решавање на проблеми може да бидат корисни затоа што не се бара премногу читање пред да се премине на решавање на проблемот. Слично е со задачите за барање на факти – тие исто така може да бидат мотивирачки бидејќи осигуруваат дека постои јасно водство како да се најде информацијата. Детето со дислексија може да троши многу време во барање на информации на интернет или во библиотеките и на овој начин може да собира ирелевантни информации. Поради тоа е важно да се обезбеди јасна структура за сето ова.
Снимете ги нивните гласови
Упторебувајте рекордери за снимање со цел да ги снимаат нивните мисли. Ова може да биде добро и да помага при метакогницијата (свесност за тоа како учи една личност). Со снимањето на нивните мисли на касета се промовира свесноста за себе. Тие треба да бидат свесни за тоа како решаваат некоја задача.
Развој на способноста за прашување
Важно е детето, ако ја разбира задачата да знае како да го постави вистинското прашање. Ова може да биде навистина тешко и важно е да се вежба преку дискусија пред поставувањето на задачата.
Работете заедно
Добрата комуникација со родителите на ученикот кој се соочува со дислексија е многу важна. Зборувајте со нив за тоа како нивното дете се однесува во училиште и дома и за стратегиите кои вие ги применувате за време на наставата и начините на кои тие работат со детето во домашни услови. Ова е важно пред се бидејќи сите ученици со дислексија се разликуваат едни од други и сите учат на различен начин. Преку добра комуникација со родителите, многу полесно можете да изнајдете соодветни методи кои ќе го олеснат процесот на учење за ученикот со дислексија.