ЛЕКЦИЈА 4: Модификации за наставата според Левин
Др. Мел Левин бил истакнат професор од Универзитетот во Северна Каролина чија што специјалност биле потешкотиите во учењето. Тој стоел на ставот дека за правилен третман на учениците со дислексија е потребно да се направат одредени модификации на наставата, меѓутоа таквите модификации значајно не отстапуваат од веќе воспоставената наставничка пракса. Во прилог ви ги презентираме модификациите на наставата кои Др. Левин смета дека е потребно да се направат од страна на наставниците.
Проверка на наученото |
||
1. |
Модифицирање на темпото Чести паузи за повторување и резимирање на материјалот. Спор говор со паузи по важните информации. |
Да се сигнализира на ученикот пред да се испраша.
Да се дозволи повеќе време на тестовите. |
2. | Намалување на обемот
Потцртување на учебниците Намалување на обемот кој се очекува од ученикот |
Да се дозволат пократки писмени задачи. |
3. | Приспособување на сложеноста
Мноштво практични примери за апстрактни концепти. Апстрактното да се објасни со конкретни зборови.
|
Тестот да се однесува на еден тип проблем, а не да се дава комбинација од различни.
Ученикот да се провери само на еден аспект од задачата. Да се направи распоред за секој одделен сегмент од лекцијата и да се следи ученикот. |
4. | Приоритети
Да се акцентираат клучните поенти од лекцијата. Да се направи преглед – концепт на лекцијата. Да се фокусира на еден или два аспекти. |
Да се оценува само за содржината не за спелувањето.
Ученикот да се посвети само на еден аспект од писмената задача – пр. елаборација на проблемот. |
5. | Промени во курикулумот
Да се намали времето за предмети кои барат јазичен израз. Да се дозволат паузи. |
Да се дозволи ученикот да користи печатни букви, наместо да се инсистира на ракописни.
Да се дозволи ученикот да го издиктира одговорот за прашања на есеј. |
6. | Посебни помагала
Да се користат картички за потсетување. Да се направи распоред табела ма ѕид со очекуваните чекори – фази од задачата. Да се користат аудио книги. |
Да се дозволи на учениците да се служат со помагала кои им се на располагање – ИКТ. |
7. | Промена на рутината
Да се дозволи колаборативно – тимско учење. Да се промени распоредот на предмети. |
Да се дозволат паузи
Да се дозволи и шарање по кориците. Да се дозволи рачна изработка како замена. |
8. | Промени на формите
Да се овозможи искуствено учење. Да се прикажуваат филмови. |
Да се користат усни извештаи.
Да се користат портфолија. Да се дозволи рачно изработен проект. |
9. | Модифицирање на повратниот одговор до ученикот |
Разговор со ученикот за постигнатото. Модифицирање на начинот на оценување. Да се побара и само-оценување на ученикот (за која оценка смета дека соодветствува неговиот одговор). |