ЛЕКЦИЈА 1: Генерални стратегии за поддршка на учениците со дислексија
Во модулот број 2 ги проучувавме чекорите кои треба да ги преземеме при идентификацијата на дислексијата кај нашите ученици. Во третиот чекор се зборуваше за примена на генерални стратегии за поддршка на учениците со дислексија кои ќе ги проследиме во наредните неколку слајдови. Овие стратегии вообичаено даваат добри резултати. Кај учениците кои имаат послабо изразена дислексија, овие стратегии ќе бидат доволни за тешкотиите да се надминат во првите неколку години од образованието. Доколку постои загриженост дека и покрај имплементирање на генералните стратегии за поддршка, нема напредок во совладување на тешкотиите и по неколку месеци, потребно е да се определи план за понатамошна поддршка на ученикот.
*** Генералните стратегии за поддршка претставуваат документ кој што ќе биде потребен постојано во својата работа, за таа цел со КЛИКНУВАЊЕ ТУКА можете да преземете стратегиите за поддршка во *Pdf формат и истите да си ги отпечатите.
|
ГЕНЕРАЛНИ СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА | |
Стратегија |
Зошто е тоа потребно ? |
|
1. |
Применувајте мултисензорни стратегии при учење на буквите од азбуката. | Нека учениците ги формираат буквите од пластелин.
Нека ги испишуваат во воздух , пред нив. Нека секое дете ја испише буквата со движење на прстот на грбот на другарчето. Дајте им инструкција да ја замислат буквата со затворени очи. Потоа нека ја напишат во тетратката Оваа стратегија со која дислексичните ученици лесно ќе ги научат буквите а исто така е корисна и за сите останати ученици. |
2. |
Објаснете им на сите ученици зошто е важно читањето и пишувањето на начин прифатлив за нив. Објаснете им дека буквите се симболи и кога ќе се наредат по одреден редослед претставуваат збор кој има свое значење. Поттикнете ги во исто време да го визуелизираат значењето на зборот и како тој се пишува.
|
На учениците со дислексија секогаш им е потребно да ја знаат суштината зошто нешто учат или работат. Тие размислуваат доминантно со слики , наспроти другите ученици кои размислуваат доминантно со зборови. Тие размислуваат со значењето на зборот – треба да создадат слика за она што ќе го прочитаат, додека останатите размислуваат со звучноста на зборот. |
3. |
На почетокот на часот дадете краток преглед за она што следува како активност или краток преглед на лекцијата која ќе се предава.Исто така, многу корисно е на крајот од часот да се повторат најважните делови од лекцијата која ја предавал наставникот | На овој начин на информирање поголема е веројатност информациите да преминат од краткорочна меморија во долгорочна меморија. За ученик со дислексија е многу важно да ја добие големата слика односно суштината на лекцијата пред да се отпочне со деталите од градивото. |
4. |
Никогаш не ги споредувајте учениците | Секој ученик има свои предности и слабости.
Поради своите слабости при вештините со читање и пишување, дете со дислексија лесно ќе ја изгуби самодовербата ако го споредувате со други.
|
5. |
Задачите за домашна работа секогаш треба да бидат запишани и да стојат доволно долго на таблата. | Вербалните инструкции може да не бидат запомнети или запишани од страна на ученик со дислексија.
|