д–р Маја Филиповска

Маја Филиповска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршување на додипломските студии (2010) ги започнува магистерските студии на Факултетот за едукација при Универзитетот во Осло, Норвешка. По успешното завршување на семестарот во странство, магистерскиот труд од областа на инклузијата на учениците со оштетен слух го одбранила во октомври 2012 година, на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје. По магистрирањето (2013) е ангажирана како демонстратор на матичниот институт.

Во моментот работи како координатор на студиските програми од сите три циклуси на студии и е соработник за библиотечно работење на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Од 2017 година е студент на трет циклус – докторски студии по дефектологија на Филозофскиот факултет во Скопје и работи на докторската дисертација од областа на дислексијата и АДХД.

Добитник е на награда за студент на генерацијата 2006-2010 на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Била учесник во голем број меѓународни и домашни конференции, како и курсеви и семинари. Партиципирала како истражувач во проекти поврзани со инклузивното образование во средните училишта во РС Македонија и асистивните технологии за лицата со дислексија.