Дамјан Николовски

Дамјан Николовски е дипломиран економист и претседател на Здружението за дислексија Ајнштајн од 2015 година. Своето работно искуство го започнува како волонтер во неколку граѓански организации, а во 2015 година се вклучува активно како волонтер во Здружението Ајнштајн. На самите почетоци во Здружението започнува со активно организирање на едукативни семинари со цел едукација на наставниот кадар за дислексијата која што во тој момент е речиси непозната состојба во државата. Кон крајот на 2015 година од страна на собранието на Здружението е избран за претседател.

Во своето работно искуство бил проектен координатор на 25 меѓународно финансирани проекти за специфичните тешкотии во учењето и ја носи најголемата заслуга за значителното подигнување на јавната свест за специфичните тешкотии во учењето во Република Северна Македонија.

Автор и ко-автор е на повеќе публикации поврзани со дислексијата и специфичните тешкотии во учењето, меѓу кои позначајни се:

  • Како фонтот DyslexicFZF влијае врз читањето кај учениците со дислексија – 2019 Николовски, Каровска Ристовска, Филиповска
  • Застапеноста на дислексијата помеѓу средношколците во Република Македонија – 2018 Николовски, Шурбановска, Тасевска
  • Дали Македонското општество е подготвено да се справи со потребните на лицата со дислексија – 2018 Николовски, Наумовска
  • Дислексијата (НЕ)препознаена од институциите – 2018 Николовски, Наумовска

Учесник бил на повеќе научни конференции во чиј рамки има издадено неколку научни трудови.