Работни стратегии за ученици со дислексија 1/3
Оставете им повеќе време за пишување на домашните задачи
Доколку за пишување на домашната задача кај останатите ученици е потребен еден ден, на ученикот со дислексија дајте ја истата во петок и оставете му го целиот викенд за да работи на истата. Пожелно е и да направите план за домашни задачи за целиот месец и истиот да го дадете на родителите за да имаат доволно време да го поминат материјалот со нивното дете, со цел постигнување на повисоки резултати.
Јасни инструкции
Инструкциите треба да бидат кратки и јасни. Најдобро е да обезбедите серија на кратки задачи отколку една долга задача. Ова исто така им олеснува на учениците да го следат својот напредок.
Игри
Кога станува збор за едукативни игри, најдоброто од се е тоа што сите ученици имаа корист од нив, со што лесно можете да ги вметнете во наставата и да го направите часот многу поинтересен. Ништо не може толку да го привлече вниманието на учениците, како што тоа може да го направи една забавна, а сепак едукативна игра. Постојат стотици едукативни апликации и игри за мобилен телефон или компјутер кои го потпомагаат процесот на учење, особено кога станува збор за изучување на англискиот јазик. Вакви игри може да најдете на www.crossboweducation.com (кликни тука)
Развој на креативност и пофалби
Обидете да ја развиете креативноста и вештините за решавање на проблеми. Ова е од исклучителна важност и е една област која често се занемарува кога се подучуваат децата со дислексија бидејќи фокусот е на подучување на вештини за писменост кај децата со дислексија. Учениците со дислексија често покажуваат послаби резултати кога станува збор за правопис и граматика, за разлика од своите соученици. Сепак, доколку и покрај направените грешки тие се истакнуваат со својата креативност и начин на размислување, дефинитивно заслужуваат да бидат наградени и пофалени за тоа. Дури потоа укажете им и коригирајте ги направените правописни и граматички грешки, но тоа направете го со зелено наместо со црвено пенкало. Ништо не ги демотивира овие ученици, како што тоа го прават корекциите направени со црвено пенкало.
Поимник
Добра идеја е да се вклучи поимник за нови зборови во пристапот за учениците со дислексија. Истиот треба да се состои од зборови или концепти од различни предмети со што би се мотивирале студентите да развијат свој сопствен поимник. Најдобра опција е поимникот да биде илустриран. Можете да направите вака – Пред почетокот на часот, на ученикот со дислексија дајте му лист на кои претходно сте ги напишале сите клучни точки и зборови кои се важни за претстојната лекција. Тоа ќе му помогне полесно да води белешки и ќе го намали стресот кој се јавува кај него кога се обидува да препишува од табла. Ова ќе им овозможи целосно да се посветат на предавањето и да ги запомнат клучните информации