Генерални стратегии за поддршка на учениците со дислексија 1/3
|
ГЕНЕРАЛНИ СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА | |
Стратегија |
Зошто е тоа потребно ? |
|
18. |
Oбележете ги чекорите од инструкциите со точки со различна боја и во засебен ред. | Пример :
|
19. |
Спречете ги надворешните вознемирувачки фактори |
Често пати учениците со дислексија се вознемируваат и се дезориентираат кога ќе видат поголем обем на зададени задачи. Ова особено се случува при писмена проверка на знаењата. Сугерирајте му на ученикот да ги покрива со лист бела хартија прашањата кои не ги одговара во моментот.
Една од можностите е да подготвите тестови со повеќе страници за овие ученици со по едно прашање на нив. |
20. |
Обезбедете мирна атмосфера во училницата | Некои учениците со дислексија ги перципираат сите звуци подеднакво. Звуците во позадина не им дозволуваат да се фокусираат на она што го зборува наставникот. Огромен е напорот што го вложуваат за да ги разграничат звуците |
21. |
Кога сакате нешто да му појасните на ученикот, седнете на клупата покрај него, наместо да седите на катедра или да стоите. Секогаш забелешките нека бидат со позитивна конотација. На пример: ова е добро, но ти секогаш покажуваш дека можеш уште подобро . | На овој начин ученикот ќе се чувствува псигурен и ќе почувствува дека наставникот го разбира и искрено сака да му помогне. |
22. |
Секогаш пофалете го ученикот со дислексија кога ќе даде точен одговор или вложил труд за некоја зададена задача. | Пофалбата е основна алатка за подигнување на мотивацијата и самодовербата на учениците со дислексија. |
23. |
Потенцирајте ги силните страни на ученикот со дислексија наместо тешкотиите. | Дислексијата со себе носи и многу дарби и предности како што се креативноста, интуицијата, решавање на проблеми и критичко размислување, живописна имагинација и способност да се види суштинското значење на работите. За дислексичарите карактеристично е да ја гледаат големата слика наместо деталите. Со ваквиот пристап дополнително ќе ја зголемите мотивацијата . |