Откривањето на дислексијата и развојот на третманите за нејзиното третирање започнува во доцниот 19 век. Низ самите први почетоци, во 1878 година германскиот невролог д-р Адолф Кусмаул подучувал човек кој не бил способен да чита. Човекот имал нормална интелигенција и имал адекватни образовни инструкции. Д-р Кусмаул го опишал неговиот проблем како слепило за читање.
Во 1887, германскиот офталмолог Рудолф Берлин бил првиот кој ваквата состојба ја опишал како “дислексија” што потекнува од грчките зборови dys (слаб, лош, непримерен) и lexis (јазик, збор). Оттогаш, па се до денес терминот дислексија е синоним за тешкотии во читањето.
Во 1925 година американскиот невролог д-р. Семјуел Ортон ја предложил и првата теорија за тоа како настануваат тешкотиите при читањето. Како причина за ова тој ја нагласувал доминацијата на едната страна на мозокот. Стратегиите кој тој ги развил за време на неговите истражувања денеска се уште се во употреба. Бројни форми на специфични тешкотии при учењето биле развиени во овој период, но вистински била препознаена во 1939 година кога д-р. Алфред Штрус и Хајнц Вернер ги публикувале нивните сознанија за деца со широк спектар на тешкотии во учењето. Нивната работа нагласува варијации на овој проблем и ја нагласува потребата од индивидуална проценка на образовните потреби за секое дете.
До средината на 20-от век, дислексијата била во надлежност на медицината, но после бројните истражувања, надлежноста за дислексијата се трансформира во образовната сфера. Од тогаш почнале да се развиваат специфични едукативни стратегии и методи за подучување на децата со тешкотии во учењето.