Проф. д–р Александра Каровска Ристовска
Проф. д–р Александра Каровска Ристовска е родена 1984 година во Скопје. Дипломирала (2006) и магистрирала (2009) на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во септември 2006 година е ангажирана како демонстратор на Институтот за дефектологија при Филозофскиот факултет. Во август 2011 е избрана за помлад асистент при истиот институт. Докторската дисертација на тема „Компаративна анализа на Американскиот знаковен јазик (АСЛ) и Македонскиот знаковен јазик (МЗЈ)“ ја одбранила во мај 2014 на Филозофскиот факултет – УКИМ, со што се стекнала со звањето доктор на дефектолошки науки. Во звањето доцент е избрана во јули 2014, а во звањето вонреден професор избрана е во март 2019. Во периодот од август 2018-јануари 2019 била Фулбрајт Визитинг професор на Џорџ Мејсон Универзитетот во Феирфакс, Вирџинија, САД.
Добитник е на наградата за студент на генерацијата 2002-2006 на Институтот за дефектологија (фондација Љупчо Ајдински). Посетувала семинари и курсеви и остварила студиски престои на универзитети во Холандија, Германија, Норвешка, САД. Во рамки на студиската посета на САД се стекнува со сертификат за работа со деца со дислексија со Ортон Гилингам методата. Има учествувано во голем број национални и меѓународни проекти. Раководител е на Еразмус+ КА203 ФАСТ проектот (Fostering Accessible Study Technologies: Accessible Learning Management System in Humanities and Social Sciences). Таа обавува низа активности како член на комисии на Филозофскиот факултет (комисија за информациски и комуникациски технологии, комисија за настава, комисија за евалуација, комисија за техничка обработка на податоците на пријавените кандидати на Конкурсот за запишување на студенти на прв циклус на Филозофски факултет, комисија за промотивни активности на УКиМ).
Го зборува англискиот јазик и е љубител на патувања.
Истражувачки интереси: рана интервенција на деца со развојни заостанувања; инклузивно образование; реедукација на психомоторика; специфични тешкотии во учењето (дислексија, дисграфија, дискалкулија, диспраксија); асистивни технологии.