Принцот Карл Филип Ништо не ме прави потажен од фактот дека децата со дислексија се сметаат за глупави

Принцот Карл Филип говори за својата битка со дислексијата.

Принцот, кој има пасија кон брзи автомобили, лов и други активности на отворено,  заедно со неговата сопруга Принцезата Софија, веќе имаат две деца. Во однос на тоа принцот изјави дека нема да дозволи ниту едно од неговите деца да страда поради стигмата поврзана со дислексијата.

“Принцот Карл Филип има дислексија” – изјави Бенгд Ерик Џонасон од Шведското Здружение за дислексија, каде што самиот Карл Филип е покровител. “Тој ми кажа колку е важно децата кои што имаат потешкотии во читањето и пишувањето да не бидат отфрлени од училиштето. Исто така, тој вели дека ништо не го прави потажен од тоа овие деца  да се сметаат за глупави поради нивната дислексија. Многу е важно учениците да не се чувствуваат отфрлени и сами во училиште. Можеби тоа што дури и нашиот принц има дислексија, ќе ги охрабри и нема да се чувствуваат толку изолирани, а воедно ќе имаат и желба да постигнат поголеми успеси во училиште” – вели Џонасон за Сверигес Радио.

Дислексијата е наследна, па така и таткото на принцот- кралот Карл 16ти Густаф, но и неговата постара сестра принцезата Викторија имаат дислексија.

Принцот Карл Филип денес отворено и без срам говори за своите проблеми со читањето и пишувањето, па така многу често дава голем придонес во организирањето на големите конференции за дислексија за помош на децата кои имаат потешкотии во читањето и пишувањето.

Оваа статија е изготвена во рамки на кампањата #КажиДислексија по повод октомври месецот за подигнување на јавната свест за дислексијата

Текстот е превземен од People.com