Пораката на Џејми Оливер до сите деца со дислексија

Како светски најпознат готвач на ова време, Џејми Оливер има публикувано 20 книги, со заработка од 250 милиони долари, а за време на училишните денови бил етикетиран како дете со посебни потреби поради својата дислексија. Тој исто така немал прочитано ниту една книга се до својата 38ма година.
Неодамна, за Radio Times изјави дека токму во дислексијата се крие тајната на неговиот успех.
“Навистина мислам дека кога ќе разберете дека некое дете има дислексија, треба да клекнете пред него, да му подадете рака и да му кажете “Браво! Ти имаш многу среќа!” Кога сум на состанок, едноставно поинаку гледам на проблемите и се залагам за работите на поинаков начин. За некои треба да се испотите и да плачете и сами да ги направите.”- вели тој.
Претседателот на Австралиското здружение за дислексија, Џоди Клементс, е согласна дека дислексијата им дава уникатна перспектива на луѓето. “Поради тоа што традиционалниот начин да предавање и учење за нив претставува огромен предизвик, децата со дислексија изнаоѓаат алтернативни начини на учење.”- Вели Клементс. Таа верува дека дислексијата и различноста одат заедно.
“Учењето е тешко. Училиштето може да има огромни негативни ефекти врз децата со дислексија. Во многу случаи, децата со дислексија се учат да бидат силни. Одењето на училиште секој ден, за многу деца е триумф. Сум работела со многу деца кои имаат силно чувство за социјална правда и многу емпатија за другите, поради тоа што не се чувствуваат прифатени во традиционалниот образовен систем. Најверојатно ова произлегува од нивната различност со која се среќаваат во училиште, што ги подготвува за големите работи кои следуваат понатаму во животот. “- вели Џоди Клементс.
Овој текст е превземен од mamamia.com.au